Низата партиски настани и трибини и собири на кои се дискутираа проекти, постигнувања и генерални политики, владеачката ВМРО-ДПМНЕ ги заокружува денес, со финалниот настан во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје каде свое обраќање ќе има претседателот на партијата, Никола Груевски. Како што истакнаа од партијата, викендот кој минува е викенд на отчетност и реални проекти и дела.
– Нашата цел е да бидеме секогаш подобри и да продолжиме да реализираме реални проекти и конкретни дела, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Собирот треба да започне во 15 часот.
OhridNews