Вчера во хотелот „Ривиера“ се одржа промоцијата на документарниот филм  „Собирај, селектирај и рециклирај-научи за ПЕТ  во општина Охрид“


Хавза Реџеп Каќел-координатор на проектот


Филмот е направен во рамките на проектот за селектирање ПЕТ амбалажа и примарно рециклирање што во јуни годинава го започнаа Општина Охрид, ЈП Охридски комуналец и еколошкото друштво „Јагода“, со поддршка на американската агенција за меѓународен развој-УСАИД.


„Собирај ПЕТ за почист свет“

Целта на проектот е преку различни форми и активности да се подигне еколошката свет кај граѓаните за можноста од рециклирање на ПЕТ амбалажата и со тоа намалување на притисокот врз животната средина. При изработката на проектот акцент е ставен на најмладата популација при што масовно беа вклучени децата од охридските основни училишта. Со тоа тие уште од најмали нозе научија како да го селектираат отпадот, да ја развиваат еколошката свест и да придонесуваат за почиста животна средина.


Локалната развива еколошка свест меѓу најмладите

Високопрофесионалниот документарен филм во режија на Маја Младеновска од различни аспекти на публиката и ја прикажа проблематиката со  собирањето и рециклирањето на пластиката.


Авторот на филмот-Маја Младеновска

Во рамки на проектот на повеќе локации во градот поставени се посебни контејнери за пластичен отпад, со што Охрид стана една од првите општини во земјата каде се врши примарна селекција на отпадот.

Ohridnews