Акцијата за подигање кабаст отпад, која викендов ја спроведе ЈП Комуналец, помина со одличен одзив од граѓаните од “Стар Град”, информираат од јавното претпријатие.

Подигнати биле 21 метри кубни кабаст и зелен отпад.



По реализираните акции во стариот дел од градот, населбата Даљјан и Бараките, од ЈП Комуналец најавуваат дека и во текот на наредните викенди ќе се подига кабаст отпад и во останатите делови од градот, за што граѓаните ќе бидат благовремено известени.

OhridNews