60 вреќи отпад собраа екипите на Ј.П. „Охридски Комуаналец“ од магистралниот пат Охрид-Скопје, како дел од акцијата за расчистување на потегот од сообраќајната клучка на влезот од градот до месноста „Св. Еразмо“.
Како што информираат од охирдското јавно претпријатие, акцијата спроведена овој викенд била по налог на Општинскиот инспекторат.
„На овој потег, како последица на несовесно однесување на поединци, континуирано се создаваат мини-депонии од градежен шут, зеле и друг вид комуналец отпад“.“ – информираат од охридското јавно претпријатие.
Оттаму се надеваат дека во иднина ќе бидат применети ригорозни казни за несовесните граѓаните, кои ја загадуваат околината.
OhridNews