Дваесеттина активисти денес го расчистуваа потегот од хотел Мизо до Извидничкиот центар. Собрани беа над 50 големи вреќи со ѓубре од крајбрежјето кај Далјан.

Се чистеше крајбрежјето кај плажите Партизан и Мизо, при што се собра најразличен отпад, од цврст отпад, па се до пластика, информираат активистите и додаваат дека продолжуваат заедно да работат за поубав и чист Охрид. 

Како што информираат активистите претходно потегов бил чистен неколку пати од еколошки организации и подигнат голем градежен шут и покуќнина од ЈП Охридски Комуналец, но денес имале повторно многу за чистење.

Акцијата беше во организација на Чист Охрид и Не Биди Ѓубре, а заедно со Енхелеус и останати волонтери.

OhridNews