Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 125 седница на која според предложениот дневен ред ќе се расправа за донесување на буџетот за 2017 година, како и за одлуката за распуштање доставена од опозицијата.

Според опозицијата самораспуштањето е дел од политичкиот договор и предуслов за одржување на избори на 11 декември, додека владејачката ВМРО ДПМНЕ бара пред распуштањето на собранието да се донесе буџетот.

На денешната седница, исто така, треба да се разгледа проблемот со виѓокот гласачи во Шестата изборна единица.

OhridNews