
Како што пренесуваат националните медиуми, пратениците по итна постапка ги изгласале Законот за основање Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето, измените и дополнувањата во Изборниот законик, измените и дополнувања за Законот за кривична постапка, Законот за заштита на приватноста, познат како закон за „бомбите“, Законот за заштита на укажувачи и Законот за Влада.
Најжестока дебата се водела за Изборниот законик во делот на гласањето за дијаспората, а за дел од законите воопшто и немало пријавени пратеници за дискусија.
OhridNews











