Со 83 гласа „За“ и три против, Собранието на Република Македонија доцна вечерва ја донесе одлуката за изменување на одлуката за за распуштање. Со тоа и официјално изборите се поместуваат од првично утврдениот термин 24 април на 5-ти јуни.
Согласно одлуката собранието ќе се распушти на 7-ми април, а 60 дена подоцна ќе има вонредни парламентарни избори. Иницијативата по силен меѓународен притисок ја поднесоа 26 пратеници од ДУИ и ДПА, вклучувајќи ги и лидерите на двете партии, Али Ахмети и Мендух Тачи.
За пролонгирање на терминот за избори потребно е и менување на Изборниот законик, бидејќи во преодните одредби е наведено дека предвремените избори ќе се одржат на 24 април. Собранието по кратка пауза се очекува вечерва да ја донесе и оваа одлука.
OhridNews