Дополнетиот предлог законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење е на дневен ред на денешната седница на Собранието на Република Македонија, која се очекува да започне во 14 часот.

Очекувам дека со неговото донесување во голема мера ќе се спречи урбаниот хаос во стариот дел од градот, вели Анита Кипаризоска Крстеска, еден од охридските пратеници- иницијатори за донесувањето на законот. 

Кипаризоска- Крстеска објаснува дека донесувањето на законот ќе значи дека во иднина управувањето со старото градско јадро ќе го вршат од една страна, во име на Република Македонија, Завод и музеј- Охрид и од друга страна, во име на Локалната самоуправа, градоначлникот Александар Петрески. При тоа, се очекува да биде донесен план за интегрирана заштита за период од пет години, за чија реализација надзор ќе врши надзорен одбор составен од претставници од соодветните надлежни институции од централно и локално ниво.

Како што е познато предлагач на законот е Министерството за култура.

OhridNews