Поставувањето на филтри и блокади на интернет со цел заштита на интелектуалната сопственост, е во спротивност со европското право, одлучи денеска Европскиот суд на правдата во Луксембург, пренесува „Макфакс“.

Оваа одлука на судот претставува жесток удар на уметниците кои бараа филтрирање на содржините за да ги заштитат своите авторски права.

Судот оцени дека со филтрирањето на содржините се кршат основните права на европските граѓани.

Белгиската која ги застапува интересите на композиторите, Сабам, утврди во 2004 година дека корисниците на провајдерот Скарлет екстендид без дозвола и плаќање на авторските права преземаат содржини.

На барање на Сабам, белгискиот суд му наложи на тој провајдер да оневозможи преземање на содржини заштитени со авторски права.

Провајдерот Скарлет поднесе жалба, а Апелациониот суд во Брисел тогаш се обрати до Европскиот суд на правдата.

Европскиот суд во денешната одлука наведе дека тоа би барало следење на сите електронски комуникации на сите корисници на провајдерот Скарлет, со што би биле нарушени нивните права, но и правата на ЕУ.

OhridNews