– За Охрид ме врзуваат убави спомени. Тие се незаборавни моменти во мојата кариера и затоа секогаш кога сум во Охрид ми се вртат кошевите, победите и дружењето со кошаркарите. Сакам повторно во Охрид да се врати кошарката затоа што охриѓани живеа за нашите натпревари – истакна Александар Софкоски.
По заминувањето од АМАК СП, Софкоски настапуваше за Работнички, за потоа да прекине со професионална кошарка и да заплива во тренерските води.
– Доста беше мачење во македонската кошарка. Истата песна во сите клубови каде што одвај се врзува крај со крај. Сакав да се пробам како тренер и затоа дојдов во Водњански Лисици – заврши Софкоски.