Сојуз на борци Охрид: Не смееме да ги заборавиме значајните датуми од минатото
07.09.12 00:04
Во просториите на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, деновиве беа одбележани неколку значајни денови од историското минато на нашиов крај.
Беше одбележан 1 Септември – 68 годишнина од формирањето на Охридско – Струшката народноослободителна Бригада во с.Велмеј, како и 6 Септември – Денот кога е формирана 6-та МНОУБ во месноста Рудина, на Караорман и 08 Септември формирањето на 18 Бригада во с. Белчишта а воедно и 21 година од денот на независноста на Република Македонија.
На одбележувањето присуствуваа живи борци и граѓани-продолжувачи на слободарските традиции, градоначалникот на општина Дебрца со свои соработници, претседателот на Советот на општина Охрид со неколку советници,претстасвници на политички партии и невладини организации.
-Ова се денови за паметење зошто овие бригади дадоа значаен придонес во победата на Народноослободителната војна. Тие учествуваа во победата, во изборената слобода, во формирањето на новата држава, во изнуденото признание дека и ние Македонците сме нација. Заслугите на овие бригади не направија да бидеме горди; слободата не направи среќни; државата ни пружи сигурност и прогрес. За прв пат станавме нација со сите белези; јазик, литература, култура, за прв пат кажувавме дека сме Македонци. Во сите тие придобивки борците од 6-та Бригада ја втемелиле својата жртва, крвта на загинатите и положените животи. Овој ден го одбележуваме за да не се заборават жртвите, денот да биде паметник за едно тешко време – невреме; да се памети и невремето за да не се повтори. Овие историски значајни денови беа повод да потсетиме каде бевме некогаш и да прашаме каде сме денес. Каде сме биле и што сме направиле, знаеме. Одговор на прашањато каде сме денес – немаме. Постојано сме на некој крстопат – во некаков националистички хаос кој само врие. По кој знае кој пат упатуваме порака да се смират страстите и да се носат трезвени политички одлуки. На овој народ не му требаат тензии ни политички инает.-истакна во своето обраѓање претседателот на ОО на СБ Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески
Одбележувањето на овие денови, додаде Георгиески, претставува потсетување и опомена на сегашните и идните генерации, дека треба да се чуваат и негуваат и бранат придобивките од НОАВМ.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишна жена од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ ...
По повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во Велгошти, на 22 февруари, недела, ќе се одржи маскенбал „Емшири 2026″ Организатор на маскенбалот е МЗ на сВе...
Во Охрид на 19ти февруари 2026 година (четврток) ќе се одржи проекција на играниот филм „Диџеј Ахмет“, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Филмски институт ФИОФА – Охрид, при Универзитетот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.