Лошата финансиска состојба на претпријатието, финансиските долгови и превработеноста во претпријатието никако не смеат да бидат оправдание за незаконско работење на в.д. директорот, за непочитување на статутарните одредби, како и за самоволно практикување на функцијата, се вели во реакцијата на советничката група на Сојузот за иднината.
-Неморално и непрофесионално е да се бара оправдание за сопственото незаконско делување во некакви наводни незаконски постапки на поранешното раководство, во минатото. Истоа така, тотално неетички е да се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста од сопствените грешки и пропусти, преку изрекување на неосновани обвинувања кон други луѓе. Притоа, покажувајќи елементарни непознавања од сферата на организацијата и функционирањето на органите, телата и институциите на локалната самоуправа. -стои во реакцијата.
Советниците од Сојузот за иднината укажуваат дека Цветкоски за в.д директорот бил назначен и од поранешниот Градоначалник Петрески и дека цените за кои тој зборува биле цени по кои работел, но не реагирал. Во реакцијата уште се наведува дека Цветкоски треба да сфати дека е в.д раководител а не политичар и не треба да биде суетен, туку да понесе одговорност.
-Треба да се покаже доблесност и да се даде оставка или пак храбро да се плати партиската цена на оние кои ве ангажираат, но истовремено не заборавајќи ја народната која вели дека првите мачиња се фрлаат по вода.-се вели меѓу другото во реакцијата, во која уште стои дека во извршувањето на неговата функција, раководителот е должен да ги почитува законите на РМ и сите надлежни институции, вклучувајќи го тука и Советот на Општина Охрид.