Кандидатот за градоначалник од ОК Вмро- Дпмне и дел од советничката листа на истата партија, повторно ја погрешија адресата и место да отидат да побараат дозвола и образлжение од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и да го прашаат зошто сите проекти на акатулениот Градоначалник се блокирани, тие избраа да собираат евтини политички поени со лажни ветувања на граѓаните на градскиот пазар, стои во реакцијата од Сојузот за иднината.

– Во меѓувреме, им предлагаме за случајно повторно да не ја погрешат адресата почитуваните господа од ДПМНЕ дека утре треба да одржат пресконференција пред Министерството за финансии каде треба да прашаат дали четирите лава од проектот Скопје 2014, чинат колку изградба на една модерна автобуска станица, модерен градски пазар и целокупниот колекторски систем во градот?, се наведува во реакцијата.

Во неа се додава дека доколку од коалицијата „За подобра Македонија“ вистински сакаат да направат пазар и автобуска станица, тогаш повеќе од сигурно е дека ќе одгвореле на барањата на Градоначалникот Петрески кој уште пред две години за време на гостувањето во една од локалните телевизии ветил дека доколку му дозволат да го направи грдскиот пазар и автобуската станица, нема да поднесе кандидатура за трет мандат.

OhridNews