Безидејноста и неподготвеноста  на ДПМНЕ за носење со одговорноста е се поочигледна, па логично е да се очекува  спасот  да се бара во тривијални соопштенија, се наведува во реакцијата од Сојузот за иднината по вчерашното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во врска со случувањата на вчера одржаната седница на советот на општина Охрид .

– Во врска со изјавите кои ги даваа во текот на вчерашниот ден, коректно е да се потсетиме како истите тие кои вчера имаа потреба од опозиција пред само неколку месеци беа одлучни да одат на избори без опозиција. Совршено ни е јасно дека ДПМНЕ вчера ја сакаше во Советот  опозицијата само за  да има алиби за одлуките односно како параван позади кој ќе се сокријат. Нашата одлука за напуштање на седницата е само јасен сигнал дека не се сложуваме со ништо што е мета на политички прогон, истовремено почитувајќи го сечие право да биде невин, доколку не се докаже обратното, велат од Сојузот за иднината.

Оттаму со барање до ВМРО- ДПМНЕ и мнозинството да покажат зрелост и одгворност и на наредната седница на која ќе присуствуваат,  да ги стави точките кои вчера беа повлечени.

– Ги повлекоа од дневен ред, тенденциозно, глумејќи изненадени на одамна најавено отсуство. За градинката и децата кои плачат, за најмладите советници во Македонија како и нивното неснаоѓање со состојбите зборуваат соопштенијата и  изјавите. Вчера, не само што сакавте на грб на охриѓани да ловите политички поени туку и неуспешно ја игравте улогата на наивност и затеченост бегајќи од општествената одговорност за која ќе дискутираме на следната седница на Советот на Општина Охрид, додаваат од Сојузот за иднината.

OhridNews