Наместо да ветувате катни гаражи, размислете дали е морално да го оставите Охрид четири години без болница. Ако граѓаните ве судат според делата и колку “одговорно“ се однесувате кон она што е во ваша надлежност, тогаш повеќе од јасно е дека не ви веруваат во идните лажни ветувања, стои во реакцијата од „Сојузот за иднината“ во врска со прес- конференцијата на кандидатот за градоначалник д- р Никола Бакрачески на која најави изградба на современа катна гаража.

– Денешната реалност зборува дека е расипан апаратот за стентови, што значи директно засегање по животот на граѓаните. Вчера потенциравме, а еве и денес, наместо да се сликате по локалните сокаци и да трошите енергија на проекти за иднината, апелираме да го поправите веднаш, затоа што животот нема цена и покрај тоа што промоцијата на ваквите “дела“ – злодела е на примат, се наведува во реакцијата.

OhridNews