Обвинувањата од пратеникот Александар Николоски, од Сојузот за иднината ги оценуваат како навреди, клевети и невистини, поради кои од сојузот најавуваат и поднесување на тужба за клевета.

– Работите што ги кажа се неточни, а во најмала рака контрадикторни. Покажуваше  авионска карта од Франфурт, а зборуваше за посета на фудбалски натпревар на Баерн Минхен. Граѓаните треба да ја знаат вистината, дека споменатиот директор беше во Франкфурт на службена посета, со цел набавка на опрема за јаното претпријатие,а трошоците за престој и храна ги подмирил самиот, односно заради вашата малограѓанска радозналост јавно кажуваме дека истиот престојувал кај охриѓанецот кој е на времен престој во Германија, Оливер Блажески. Сето ова со една цел, односно да не се преоптовари буџетот на јавното претпријатие.За разлика од вас, ние не одиме на патувања во странсво на државна сметка, како вас, каде полу голи  ги презентирате граѓаните.Покрај друго, износите на сметките кои ги покажувавте не се точни, се наведува во реакцијата од Сојузот за иднината.

Оттаму додаваат дека јавните претпријатија работат одлично и дека успеваат дури и да ги покријат долговите направени кога некои од нив биле под надлежност на оваа Влада, каков што е примерот со јавното претпријатие ‘’Билјанини Извори’’ .

– Веројатно пратеникот направил забуна, и кога зборуваше за јавните претпријатија во Охрид, мислел на јавните претпријатија кои се водени од кадар на ДПМНЕ,односно во градовите во кои тие се на власт. За нас почитувани, зборуваат граѓаните, кои се задоволни од третманот и навреме добиените плати. Секаде каде не се успева да се земе редовна плата, а тоа е случај со јавното претпријатие ПРО АКВА, најголемиот проблем се десетиците милиони евра наследен дол од времето кога ВМРО Дпмне го водеше ова претпријатие. Прашуваме, зошто ДПМНЕ во чија власт се сите институции, не преземат конкретни мерки или пак самите се свесни дека не постои дело?.Истражните органи нема потреба да чекаат да поминат изборите  за да проверат, затоа што и до сега постојано беа во потрага, но не пронајдоа ништо, стои меѓудругото во реакцијата од Сојузот за иднината.