Сојузот на борци и граѓани продолжувачи на традицијата на Охрид и Дебарца, денес со пригодна свеченост го одбележаа 11 Октомври, Денот на востанието на Македонскиот народ и Денот на борецот.

На одржаната трибина по повод празникот, пред присутните се обрати претседателот на општинската организација, Гоце Георгиески. Тој истакна дека со нападот на прилепскиот партизански одред врз бугарскиот полициски учесток во Прилеп, на 11 Октомври 1941 година, се отворила нова страница за слободата на македонскиот народ.

– Денот на востанието 11 Октомври, претставува врвен чин на револуционерната традиција на Македонскиот народ изразена во минатото преку разни буни и востанија, рече Георгиески.

Во рамките на свеченоста се одржа и трибина посветена на животот и делото на генерал Михајло Апостолоски. Зборувајќи за великанот на македонската борба, Професор Д-р Владо Иваноски истакна дека Апостолски во 1942 година бил нанзачен за прв командант на главниот штаб на Македонија, а во 1958 година се пензионирал во својство на ректор на сите воени академии на ЈНА.

– Апостолски со својот авторитет успеал да се наложи во одредени конфликти и ситуации, рече Иваноски.

OhridNews