Сојуз на спортови Охрид вечерва(19 часот) во големата сала на општина Охрид ќе ги прогласи најдобрите спортисти , спортски екипи и заслужни граѓани за спортот во Охрид за 2011 година.


За најуспешен спортист за 2011 година со ранг листа :
1.    Михајло Шикоски – Стрелаштво
2.    Везира Тотиќ – карате
3.    Спасе Петревски – атлетика
4.    Владимир и Петар Трајчески – кајак двосед
5.    Наум Поп Стефанија – веслање
6.    Јован Јованоски – велосипедизам
7.    Христијан Димоски – фудбал
8.    Никола Танаскоски – кошарка
9.    Новица Вељаноски – едрење
10.  Бојан Ристески – бокс

За најдобар млад спортист е избран атлетичарот Дарко Велов, додека најперспективни млади спортисти  се кошаркарот Николче Ристески и кајакрот Рифат Левент.

Кај дамите најдобрa млада спортистка е фудбалерката Симона Крстаноска, а најперспективни се Нина Балабан (стрелаштво) и Тања Стојаноска (тенис)

За најдобра спортска екипа избран е ФК Охрид 2004, најдобар спортски тренер е проф. Влатко Димитров.

Признанието за животно дело оди во рацете на Леко Радиќ, додека посебни признанија добија тренерот на боксерскиот клуб Охрид, Алексо Огненоски за 50 години афирмација на боксот во Охрид, и Никола Михајолвски за 25 години успешно работење во женската кошарка.

Признание за најмасовен клуб добива К.К.Колибри, додека признание спортски презентер на градот Охрид го доби капитенот на македонската футсал репрезентација Зоран Левески.

Ohridnews