Сојузот на училишен спорт е победник во Бизнис лигата во мал фудбал. “Професорите“ во финалето со 5-2 го совладаа АД Телеком, а претходно во полуфиналето славеа над ЈП Билјанини Извори.


Во малото финале “домаќинот“ на премиерното издание на турнирот ЈП Билјанини Извори претрпе пораз од Жито Леб 4-1.


За најдобар фудбалер на турниротот прогласен беше Душко Симоновски (АД Телеком), најдобар голман Георгиевски Пеце (Сојуз на училиштен спорт) и Валентин Левески JП Билјанини извори. Во трката за најдобар стрелец имаше тројца играчи по 22 гола,  Владо Милошески (ЈП Билјанини), Ивица Велјаноски (АД Телеком) и Васко Тасески (Жито Леб).


Наградата за фер плеј екипа во првото издание на Бизнис лигата во мал фудбал замина во рацете на екипата Леарница.

Мх.П.