Охридските колибри претпреа пораз во дербито на колото во третата кошаркарска лига од Карпош Соколи со 81-66.

Домаќините имале предност во текот на целиот меч, добрата игра во последниот перид  им дозволил на охриѓани да се доближат на “пристојни“ шест поени, но по серијата прекршоци на Христовски и Павловски (пет лични) и повредата на Митрески, поразот бил неизбежен.

Охриѓани остануваат во трка за местата кои водат во Втората лига, а во наредното коло на домашен терен ја пречекуваат екипата на Крива Паланка.

М.П.