Поранешниот перуански фудбалер Нолберто Солано, кој во кариерата играше за бројни клубови, го прекршил правилото за задолжителен карантин поради пандемијата на Ковид-19 и уапсен е во неговата родна земја.

Медиумите од Перу, наведуваат дека Солано присуствувал на забава и покрај строгата забрана на властите за собирања. Дека нешто се случува пријавиле соседите на Солано по што полицијата го опколила неговиот имот.

На лице место се појавиле и новинарски екипи, па запрашан зошто присуствивал на забавата, Солано удрил еден од репортерите.

Каква забава? Не, ова не е забава. Јас живеам овде, зад аголот. Ова е куќа на мој пријател, тој ми е сосед. Без врска губите време, ова е непочитување. – изјавил Солано.

OhridNews