Солариумот го зголемува ризикот од појава на рак на кожа
10.06.10 10:00
Стручните лица предупредуваат- не користете солариум затоа што е штетен за кожата. Зачестеното користење на солариум двојно го зголемува ризикот од појава на рак на кожа поради УВ зраците кои се канцерогени.
-УВ зраците од солариумот на вештачки начин го стимулираат ослободувањето на меланоцитите, безбојни клетки кои се наоѓаат во кожата и чија намена е заштита од сонце. Со нивното активирање се создава пигментација, кожата потемнува привремено, но тоа значи дека се потрошил и заштитниот слој клетки кој ја штити кожата од штетните зраци. Како резултат на тоа, на организмот му се потребни од 3 до 14 дена и дополнително оптоварување за повторно да се создаде овој слој на клетки. Додека не се создаде, кожата воопшто нема моќ да се заштити од природните сончеви зраци, што може да предизвика негативни последици и оштетувања на кожата, објаснува д- р Петар Бачев, специјалист за кожно- венерични заболувања.
Стручните лица потенцираат дека во некои земји веќе е забранета употребата на солариум поради канцерогениот карактер на УВ зраците. Објаснуваат дека УВ зраците во дерматологијата се даваат како терапија само при тешки заболувања, при што пациентот се подготвува, два саати претходно пиејќи таблети за таа намена.
Македонија со 60 починати луѓе од рак на кожа во само една година – е втора земја во Европа по стапката на смртност од ова малигно заболување. Испитувањата покажале дека високиот процент на смртни случаи од меланом се должи на високото ниво на ултравиолетовото зрачење и зачестеното користење на солариум.
Блесна градскиот плоштад со најубавиот украс на градот – Божиќната пештера, симбол на Витлеемската пештера во која се роди Исус Христос Охрид е во завршни подготовки за свечениот дочек на Христовот...
На 24122025 во 03:00 часот на улица „Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20-годишно лице од Охрид Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со ...
Во новогодишен амбиент, во дружење, игра и забава, најмладите членови на Црвен крст Охрид, децата кои ја посетуваат едукативната програма за подготовка на деца за во училиште „Полетарче“, во присус...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.