,,Еден третман во Солена соба е еднаков на 4-дневен престој на море’’, оваа реченица наједностано ја опишува полезноста и ефектот на халотерапијата, која од неодамна, благодарение на ,,ВИА СОЛ’’ е достапна и за охриѓани. Оваа солена соба која работи во рамки на Комплексот „Св. Георгија“ е прва високо професионална солена соба која е отворена во Охрид. Нејзина главна особеност е примената на клинички и научно докажаната природна метода  на лекување, со употреба на медицинска сол.

Според големиот број медицински истражувања, халотерапијата во солената соба се вбројува помеѓу најприродните лековити терапии и нуди решение и превентивна заштита на лица кои страдаат од  астма, бронхитис, чести вирусни инфекции и настинки, анемичност, акни, хронични синуси, алергии, кожни проблеми, себореа, болки во зглобови, артритис, депресија, хроничен замор, несоница и стрес.


Солената соба ,,ВИА СОЛ” е уредена по сите меѓународни стандарди

– Терапијата се заснова на дозиран престој во посебно уредена солена соба којa е опремена со 4 до 5 тони сол, релаксирачка музика и светло. Солената соба во суштина е  имитација на природна солена пештера, во која има посебна лековита микроклима. Нејзините ѕидови, таван и под се обложени со природна кристална сол, каде воздухот е заситен со суви честички на сол кои ги распрскува специјален апарат – Халогенератор, објаснува Даниела Србакоска, стручно лице од Солената соба ,,ВИА СОЛ’’.

Таа потенцира дека терапијата во солена соба е совршена природна метода, која е погодна за сите возрасти, особено за деца и постари лица.


Аеросолите во Солената соба се распрснуваат со специјален апарат-Халогенератор

-Методата е потполно природна и нема несакани последици. Тоа е клинички испитана и научно докажана метода за олеснување и отстранување на дишни и кожни проблеми, јакнење на имунитетот, за прочистување на дишните патишта и за санирање на проблемите со алергии. Оваа терапија ја редуцира долготрајната употреба на лекови, влијае на подобрување на циркулацијата и лимфната дренажа, ја зголемува  животната енергија. Тое е и ефикасна метода за отстранување на премореност, стрес, депресија како и  за подигање на расположението, вели Србакоска, нагласувајќи  дека аеросолите кои ги формира Халогенераторот се богати со натриум, магнезиум, литиум, калиум, калциум, железо, манган, цинк, селен и јод.

Цената на еден третманите  во Солената соба ,,ВИА СОЛ’’ се прикладни за сечиј буџет, но се нудат и голем број на фамилијарни и промотивни пакети кои вкучуваат и гратис третмани. Освен основниот третман, во солената соба ,,ВИА СОЛ’’ се изведуваат и рачни масажи со халотерапија, како и детокс третмани за прочистување на организмот.

OhridNews