Под покровителство на МФМ, во техничка организација на МК Александар од Скопје, а со несебична помош од МВР – Единица за обука и поддршка неодамна во Лазарополе се одржаа четвртиот и петтиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.
Патеката со должина од 10 километри натпреварувачите ја минуваа по четири пати, а највозбудливо беше на брзинскиот испит „Речиште“ каде најуспешните и најбрзите беа поздравени од публиката со громогласни аплаузи.
Во Е1 класата видовме интересна борба за првото место помеѓу двајца млади натпреварувачи. Шампионот од мотокрос Никола Гулевски (МК Мотостарс) по првпат годинава се појави на ендуро патеките, но тоа не го спречи да победи во двата натпреварувачки денови. Уште повеќе, Гулевски беше генерално најдобар на вториот ден и го оствари најбрзото време 2:03,94 на брзинскиот испит. Втор заврши Драган Ванов (МК Мото Велес), а трет беше дебитантот Јован Ставрески (МК К’ј Антенине) од Охрид.
“МК К’Ј АНТЕНИНЕ“ од Охрид зеде два пехари, еден трето место во класата Е1 а другиот пехар е второ место во клубови. Од Охридскиот МОТО КЛУБ К’Ј АНТЕНИНЕ на натпреварот присуствуваа повеќе членови на клубот и исто така во „Ендуро Лазарополе 2012“ кој траеше 2 дена и се возеше во 3 етапи по 4 круга учествуваа пет членови на МК К’Ј АНТЕНИНЕ од Охрид и тоа
1.Митко Голабоски со реден број 44 KTM
2.Дејан Петрески – Коцка со реден број 26 HUSQVARNA
3.Миле Цветковски со реден број 29 KTM
4.Ѓоко Донески -Буши со реден број 39 YAMAHA
5.Јовче Ставрески- Јавус со реден број 38 HONDA
Натпреварувачите од Охрид од МК К’Ј АНТЕНИНЕ имаа големи потешкотии околу совладување на стазата во првите 2 круга затоа што за сите учесници од Охрид ова беше прво учество во Државен Шампионат на Република Македонија.
Исто така имаа и технички проблеми со моторциклите како на пример првиот ден од Ендуро Шампионатот од Охридскиот клуб МК К’Ј АНТЕНИНЕ во вториот круг се поради проблеми со електрониката на јамхата се откажа Ѓоко Донески -Буши додека вториот ден се откажа Дејан Петрески – Коцка со реден број 26 поради проблеми со доводот на гориво и откажување на агрегатот на Хускварната.
Наредниот ендуро натпревар ке се одржи во Виница кон крајот на Септември.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com