Светски познатиот музички уметник, Владимир Василевски – Четкар утре ќе има соло настап во култната кафе – тераса „Аквариус“ во Охрид.
Според најавите концертот ќе почне после 13:00 часот.
Утрешниот, ќе биде последен настап на Четкар пред охриѓани пред заминувањето од Македонија. Четкар веќе подолго време живее на релација Македонија – САД, каде работи и настапува во најпознатите џез клубови.












