Манчестер Јунајтед е во најдобра форма после рестартот на сезоната во англискиот фудбал. „Црвените ѓаволи“со три победи и едно реми се вратија во игра за ТОП 4 во Премиер лигата и обезбедија пласман во 1/2 финалето од ФА Купот.

Фудбалерите се чувствуваат одлично после паузата поради вирусот Ковид -19. Пред првенството да биде прекинато имавме состанок на кој се договоривме и ветивме дека ќе се вратиме уште подобри со оглед колку важни мечеви не очекуваат. За сега, работите течат според планот и се е остварено. – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер.

Позитивните резултати на клубот од Олд Трафорд дојдоа после ангажманот на Бруно Фернандес од Спортинг Лисабон. Солскјер рече дека клубот долго го прател Португалецот кој во Манчестер се пресели во трансфер вреден 60 милиони евра.

Бруно Фернандес? Знаевме оти поседува победнички карактер и способност да биде лидер на теренот. Затоа и го доведовме. Јасно ни беше зошто Спортинг сакаше да го задржи но ние бевме до конкретни и го посакувавме во своите редови.  – истана Солскјер.

Манчестер Јунајтед за ТОП 4 во трка е со Лестер и Челси, но не смее да се отпише ниту Вулверхемптон кој се наоѓа на шестата позиција. „Црвените ѓаволи“ во 1/2 финалето од ФА Купот силите ќе ги одмерат со Челси.

OhridNews