Во натпревар со шест погодоци, екипите на Шефилд Јунајтед и Манчестер Јунајтед ги поделија бодовите ремизирајќи 3-3 (1-0). „Црвените ѓаволи“, иако губеа со 2-0 можат да жалат а победата и трите бодови, бидејќи водеа со 3-2, а домаќините гол за егал постигнаа во првата минута од судиското продолжение.

Домаќините 1-0 поведоа со голот Џон Флек во првото полувреме. На стартот од вториот дел, Лус Мусег зголеми на 2-0. Од 72-та до 80-та минута, Манчестер Јунајтед преку Брендон Вилијамс, Мејсон Гринвуд и Маркус Рашфорд комплетно го свртеа резултатот. Погодокот за поделбата на бодовите го постигна Оливер МекБурн.

Очигледно беше дека Шефилд повеќе ја сака победата од нас и веруваа во својот план. Мислам дека немавме удар кон противничкиот гол во првото полувреме што е многу загрижувачки. Во однос на минатата сезона гледам голем напредок, затоа што ваков меч ќе го изгубевме со уште некој погодок во нашата мрежа, а сега во финишот примивме погодок и останавме без три бодови. – изјави менаџерот на „ѓаволите“, Оле гунар Солскјер.

Манчестер Јунајтед со 17 освоени бодови котира на деветтата позиција на табелата, додека Шефилд е шестопласиран со бод повеќе од „црвените ѓаволи“.

OhridNews