Тренерот на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер одговори дали може да замисли Манчестер сити да ги надмине „црвените ѓаволи“ со трофеи.
Не, не можам. Но, во исто време, ние мора да го почитуваме она што Манчестер сити го направи во изминатите 10 години, со оглед на начинот на кој доминираа во Англија и Европа. Но, ние сме Манчестер јунајтед и секогаш ќе се враќаме на своето место. Јунајтед е клуб број еден во Манчестер, истакна Солскјер.

По 10 кола во Премиер лигата, Јунајтед е на петтото место со 17 бодови. Сити освои 20 бода и е на третата позиција.
OhridNews












