Руска тенисерка беше уапсена вчера во Париз во истрагата за сомневања за наместени натпревари во двојки кај обложувалниците за време на одржувањето на Ролан Гарос во 2020 година, јави дописникот на МИА.

Според француските медиуми, кои се повикуваат на полициски извор и од обвинителството од Париз, уапсената е Јана Сизикова (26), 101-ва на ВТА ранг-листата во двојки во светот,

Таа беше приведена во четвртокот вечерта по мечот на турнирот, како дел од истрагата отворена на 1 октомври за „спортска корупција“ и „ измама во организирана банда “, објасни обвинителството, потврдувајќи ја информацијата на весникот „Паризиен“.

OhridNews