Синоќа во 22 часот охридската полиција лишила од слобода две лица од Скопје на возраст од 24 и 26 години.

При обид за преглед во близина на спортско игралиште во Охрид, тие почнале да бегаат од полициските службеници, по што еден од нив, исфрлил паковка со таблетки.

Истите се одземени и предадени на вештачење, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти СВР Охрид.

OhridNews