Сомнителното возило за кое МВР вчера информираше дека е пронајдено на десет километри од местото на петкратното убиство  било на местото на извршување на кривичното дело, иајави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкиуловска.


-Возилото е донесено во Република Македонија од странство и е со скопски таблички од друго возило. Тоа не е регистрирано во Македонија и не било во редовен сообраќај“,истакна Јанкулоска, презентирајќи нови детали околу истрагата за убиството на петте лица што се случи во четвртокот вечерта во атарот на село Смиљковци.

Истовремено Јанкулоска апелираше до граѓаните, доколку некој го видел возилото во периодот кој му претходеше на убиството, таквите информации да ги сподели со полцијата.


Според министерката Јанкулоска истрагата оди во добра насока, помал дел од податоците се обработени, а за целосна нивна обработка се потребни неколку дена за да се излезе со поконкретни информации.

Одговарајќи на новинарско прашање околу информациите од некои странски медиуми за наводно постоење на сведок на настанот Јанкуловска упати апел до сите медиуми да се воздржат од шпекулации, бидејќи не е исклучена можноста дека во овој период, додека истрагата сеуште трае да има секакви шпекулации кои не секогаш се добронамерни и ќе има секакви провокации за изнесување на детали во јавноста кои во крајна линија може да одат единствено на штета на истрагата.

OhridNews