Планинарската спасителна служба при Црвениот крст, денека интеревенирала во два наврати во извлекување возило заглавено во снег на патниот правец Трпејца – Отешево, преку планината Галичица,. Возилата и патниците успешно се извлечени.

Сончевото време го топи снегот, а и последните обилни врнежи донесоа влажен снег, што дополнително го отежнува движењето дури и на специјалните возила на ваков терен, а камоли на патнички автомобили. Убавото време веројатно ги мами луѓето да го користат овој планински пат, но се уште е рано за тоа, бидејќи има многу снег, особено од Корита на горе, поради што има и забрана за користење на овој патен правец која е на сила од месец ноември. – укажуваат од Планинарската спасителна служба.

Спасителите апелираат до граѓаните да се воздржат од користење на овој патен правец претстјниот викенд за кога се предвидува сончево време, затоа што можат да се доведат во опасност да заглават во снегот.

Ние сме тука да помогнеме, но наша примарна задача не е извлекување заглавени возила од снег. За тоа се трошат технички и човечки ресурси, кои се ограничени. Што доколку во тие моменти се јави потреба од спасување на човечки животи на непристапен терен? Затоа  ги молиме граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат забраната за користење на овој правец која важи до 15 април и да се воздржат од негово користење без оглед на временските услови, затоа што од Корита на горе патот е под снег и исклучително е опасно да се користи. – предупредува Планинарската спасителна служба.

Оваа зима Планинарската спасителна служба интервенирала во извлекување на 15 возила заглавени во снег на патот Трпрјца – Отешево преку Галичица.

Г. Момироски