Утрово во Охрид се измерени -3 степени. До крајот на денот ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб северен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 8 степени Целзиусови.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег, информира УХМР Македонија.

OhridNews