Сончевото време привлече бројни охриѓани на прошетка низ центарот на градот, како и на некои од плажите на брегот на езерото каде многумина се релаксираа пиејќи кафе покрај езерската вода и уживаа во топлите сончеви зраци.
Сончевото време ќе продолжи и во текот на наредната седмица кога дневната температура ќе биде околу 16 степени целзиусови, а минималната ќе се движи од 3 до 6 степени.
Наоблачување пропратено со врнежи од дожд и благо намалување на температурите се очекува од наредниот викенд.
OhridNews