И денеска ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 26 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 9, информира УХМР Македонија.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во попладневните часови и ноќта кон недела ќе биде променливо и нестабилно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално можно е процесите да бидат поинтензивни, особено во источните делови. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината, велат од УХМР Македонија.

OhridNews