Денеска ќе преовладува сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 34 степени Целзиуосови, а интексот на УВ зрачење ќе биде висок и ќе изнесува 9, информира УХМР Македонија.
Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст и во среда, а во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-иот степен. Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу 5 степени се очекува во четврток и во петок.Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР Македонија.
OhridNews












