Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

До среда ќе се задржи многу топло време. Дестабилизација со локална појава на пороен дожд и грмежи се очекува во среда попладне, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура од четврток ќе се намали за неколку степени, а во петок врнежи од дожд се очекуваат на повеќе места.

Во Охрид времето денеска сончево. Минималната температура од 16, а максималната ќе го достигне 33 степен целзиусов.