Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со над просечни дневни температури за овој период. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а во западните делови повремено ќе засилува. Максималната дневна температура во Охрид ќе изнесува 30 степени Целзисусови.

Во понеделник над просечно топло ќе биде кон југот и истокот од земјата. Во среда и четврток ќе има зголемена облачност со појава на повремен дожд, претежно во западните делови, ќе дува повремено засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат, информира УХМР Македонија.

OhridNews