Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Во ноќните часови и изутрина ќе биде ведро тивко и студено а преку денот сончево и топло. Особено топло ќе биде на планините и на повисоките места, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. Максималната температура на места ќе се искачи до +18 степени Целзиусови.

По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Извесен пад на температурата на воздухот ќе има од средината на неделата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews