Утре времето во Охрид ќе биде потопло со максимална температура до 27 степени, со можност за краткотрајни врнежи и грмежи во попладневните часови. Краткотрајни врнежи од дожд се предвидуваат и во вторник и среда, а од четврток ќе биде сончево и пријатно, со максимална температура од 21 до 24 степени.
Во петок и за време на викендот ќе има благо покачување на температурата на воздухот и ќе се движи од 25 до 27 степени. Минималната ќе биде од 10 до 14 степени.
OhridNews












