Претпладне сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Охрид сончево, но нешто посвежо во однос на претходните денови. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.

OhridNews