Времето денеска кај нас сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 27 степени.

Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне 28 степени.

Г.М.