Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 30 степени.

Во среда и четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Г.М.