Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Во понеделник ќе биде значително облачно со врнежи од дожд претежно во западните делови. На средината на неделата ќе преовладува сончево и топло со променлива облачност, а кон крајот на неделата ќе дува се повеќе јужен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со појава на повремен дожд.
OhridNews












