Времето во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Охрид денеска сончево време со максимална температура до 31 степен. Ќе дува ветер од југозападен правец.

Во почетокот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури, кои на југоистокот повторно ќе надминат 40 степени. Услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи ќе има во среда попладне.

 

ОhridNews