Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h.

Максиманата температура во Охрид ќе достигне 27 степени, информира УХМР.

Во понеделник не очекува сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне 28 степени.

Г.М.