Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот, во западните делови облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта се најавуваат локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -10 до -2, а максималните од 4 до 10 степени.

Во Охрид сончево со мала локална облачност. Минималните температура ќе се спуштат до -5, а максималните ќе достигнат до 6 степени.

Под влијание на влажен и студен бран, во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат и утре, особено претпладне кога ќе се прошират и во останатите делови. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми.

Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во централните подрачја и во долниот тек на Повардарието.Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер, Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремен локален снег. Дневните температури на повеќе места ќе бидат под нулата, велат од УХМР.

OhridNews