Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 26 степени.

Во Охрид времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Локални врнежи од дожд ќе има утре, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, информираат од УХМР.

OhridNews