Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.

Во Охрид сончево со мала до умерена локална облачност.  Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево, а од недела и значително потопло време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини, велат од УХМР.

OhridNews